Популарната глумица Софија Вергара ги насмеа своите фанови поради начинот на кој јаде банана. Ѕвездата од „Модерно семејство“ објави фотографии што ги направиле папараците додека таа јаде хот дог, колачи, грицки, но најмногу внимание привлече со бананата.
„Кога сакаш да грицкаш“, напишала Софија.
Нејзиниот колега од „Модерно семејство“, Џеси Тејлер Фергусон, напиша дека таа изгледа како дваесетгодишна девојка и дека и покрај ваквите фотографии, таа внимава на исхраната и се обидува да јаде колку е можно поздраво.
Глумицата е на дисциплинирана, но не строга диета. Има личен тренер кој ѝ препорачува да јаде многу овошје. Таа јаде риба, разни свежи салати, а за викенд сака малку да се опушти.
Софија вели дека за време на одморот сака да се опушти со малку нездрава храна и алкохол, но потоа повторно е на диета за да го поправи своето тело.