Андријана Јаневска ќе пее за Гинис: Единствен услов да учествувам ми беше да пишува Република Македонија

Поп-пејачката Андријана Јаневска ќе ја претставува Македонија во проект за Гинисов рекорд. Таа  веста ја сподели и објасни дека станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“, чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach.

„Чест ми е да ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди. Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“, чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, вели Андријана Јаневска.

 

Scroll to Top