Доналд Трамп: Со Меган покрај себе, на Хари ќе му треба целата среќа на светот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, не е голем фан на актерката Меган Маркл и јавно порача дека со неа покрај себе, на поранешниот принц Хари ќе му треба целата среќа на светот.

Хари и Меган гостуваа во специјалната емисија Тime 100 на  телевизијата ABC. Тогаш Хари и Меган ги советуваа избирачите да ги отфрлат сите видови на говор на омраза, дезинформации и целата негативност што се шири на интернет.

„Она што го консумираме, нешто на што сме директно изложени и се занимаваме преку интернетот, има големо влијание на сите нас“, изјавил Хари.

Изборите се за шест недели, а и Меган го даде своето мислење за целата таа работа.

„На секои четири години ни кажуваат дека ова се најважните избори на сите времиња. Кога гласаме, нашите вредности се претвораат во дело и се слушаат нашите гласови“, изјавила Меган.

Истовремено двојката го поддржаа и Џо Бајден, главниот конкурент на Доналд Трамп во трката за претседател на Америка. Тоа го налути Трамп и порача дека никогаш не бил голем фан на Меган Маркл, а истовремено упати провокативна порака и до Хари.

„Не сум голем обожавател на Меган, но можам да кажам нешто, што веројатно досега и го слушнала. Сакам да му ја посакам на Хари целата среќа на светот. Со Меган покрај себе, ќе му треба“, изјавил Доналд Трамп, а пренесува „Пипл“.

Аериканските медиуми контактираа со Бакингемската палата за нивен коментар за гостувањето на Хари и Меган во емисијата. Од таму велат дека немаат коментар.

„Принцот повеќе не е член на кралското семејство и сите коментари кои ги дава се негови лични“, бил краткиот одговор од палатата.

 

Scroll to Top