Новосадската група „Фрајле“ имаше настап во Скопје. Подеднакво енергичен како и оној кога во авион на 10.000 метри ги кренале патниците на нозе, па тоа бил лет со луда забава и многу музика. „Фрајле“ ја сочинуваат четири девојки кои се заедно 11 години на музичката сцена. Зад себе имаат свои хитови, но и преработки на популрни песни од познати музичари. Освен што привлекуваат внимание со изгледот, тие имаат и посебна харизма.
„Секогаш кога сме во Македонија сакаме да останеме уште малку подолго. Утрово појадувавме во Старата чаршија, а нè честеа и баклава.Овој пат дојдовме со автомобил, па сега гепекот ќе го товариме со по една вреќа пиперки за да направиме ајвар дома“, ни открија „Фрајле“.
Името на групата е типично за Војводина и значи „госпоѓици“. Нивната музика ја сакаат сите, а Здравко Чолиќ често вели „Фрајле се во мода“. Му се допаднаа и на покојниот Оливер Драгојевиќ, со кого наколку пати пееја на истата сцена.
Во времето на карантинот напишаа книга, раскажаа за бившите дечковци во Македонија, за првиот голем хонорар кога се посрамиле пред газдите на клубот, за анегдотите што ги имаат со Оливер, но и за Црногорците што им го грешат името… Гледајте го интервјуто.
Андријана Јовановска