Почнува Ролан Гарос, само 1000 гледачи дневно на трибините

Од 27 септември до 11 октомври во Париз ќе се одржи тенискиот турнир Ролан Гарос. Ова е првпат турнирот да се игра на есен, а поради влошената ситуацијата со коронавирусот, натпреварите од трибините дневно ќе можат да ги следат само 1.000 луѓе. За директорот на овој Гренд слем, Ги Форже, ова е голем удар за турнирот.

Организаторите периодов се подготвуваа за многу поголем број гледачи во текот на еден ден, но порастот на заразени во Париз им ги смени плановите.

Пред три недели организаторите објавија дека планот е во текот на еден ден, на трите главни терени, да има по 11.500 гледачи, а потоа рекоа дека се надеваат таа бројка да биде барем 5.000 луѓе. Но, сега бројот се намали само на 1.000.

„На Ролан Гарос ќе се применуваат истите правила како и на сите други спортски настани“, рече премиерот на Франција, Жан Кастекс откако француската влада синоќа донесе одлука според која на сите спортски настани максимално може да присуствуваат до 1.000 гледачи.

 

Scroll to Top