Халид Муслимовиќ ја измамил љубовницата за 350.000 евра

Босанскиот пејач Халид Халид Муслимовиќ е обвинет за перење пари и измама при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 105.000 евра. Инспекторите на Агенцијата за истраги и заштита на БиХ (СИПА) вчера поднеле кривична пријава против познатиот пејач со обвинение дека изнудувал пари од љубовницата. Таа пак, претходно изјави дека му дала 350.000 евра.

„Извештајот за злосторството извршено против Х. М. беше поднесено на 21 септември. Повредената страна додека била во Австралија, неколку пати била доведена во заблуда, па преку  трансфер на пари или во готово му дала 209.273 марки (околу 105.000 евра) на осомничениот.

Осомничените Х.М. се товари дека со цел да го скрие изворот и да овозможи понатамошна употреба, ги подигнал средствата во готово, знаејќи дека се стекнати на незаконски начин, односно со сторено кривично дело измама“, потврдија во СИПА за „Глас“.

Според истиот медиум, оштетена е Соња Башиќ од Мелбурн, која претходно таа тврдеше дека Муслимовиќ ја оштетил за околу 350.000 евра.

Башиќ во 2018 година го тужеше пејачот дека ја натепал, а лани во октомври, во Основниот суд во Бања Лука започна судењето на Муслимовиќ, која беше обвинет за вербален и физички напад врз неа. Сето ова се случувало кога Башиќ наводно го замолила да ѝ ги врати парите што му ги дала. Во текот на сведочењето, Башиќ рече дека се запознала со пејачот кога бил на турнеја низ Австралија во 2015 година и дека за време на нивната тригодишна љубовна врска, вклучувајќи патни трошоци и десетици меѓународни трансфери на пари преку Вестерн Унион, таа префрлила скоро 350.000 евра на сметките на Муслимовиќ. Таа тврдеше дека тој ѝ ветил дека ќе ѝ ги врати парите, а кога дознала дека е измамена, дошла во БиХ и се соочила со него. Прво се карале, а тој потоа и ја урдил неколку оати.

На судењето, Муслимовиќ ги отфрли сите обвинувања, тврдеше дека е лага тоа што го зборува Башиќ и дека „сè било наместено“. Судот уште нема донесено пресуда за овој случај.

Scroll to Top