Нема маж кој не му завидуваше на Хју Хефнер, човекот кој има спиено со повеќе од 1000 жени

Основачот на светскиот магазин „Плејбој“, Хју Хефнер секој ден беше опкружен со голем број убави жени. Не постоеше маж кој не му завидуваше поради тоа. Тој се женеше четири пати.

Хефнер живееше заедно со своите зајчици. Почина пред точно три години во својата вила во Бевели Хилс, на 91 годишна возраст. Најпознат беше по неговиот магазин „Плејбој“, кој го основаше во 1953 година. Глумицата Мерлин Монро се најде на насловната на првиот број.

На почетокот списанието се продаваше за 50 центи. Првиот број беше објавен без датум, во случај да не излезе друго издание. Првото издание се распродало за неколку недели.

Хефнер уште во 1992 година, купил место на славните гробишта „Вествуд Меморијал Парк“ за 75.000 долари. Семејството ја испочитувало неговата желба да биде погребан покрај Мерлин Монро.

Хју Хефер е роден во Чикаго во 1926 година. Тој почнал да работи како новинар во Esquiru. Бил галвен директор во компанијата „Плејбој Ентерпрајс“. Благодарение на успехот на „Плејбој“, тој станал милионер. Неговата нето вредност, пред неговата смрт, се проценува на повеќе од 43 милиони долари. Хефнер бил политички активист и филантроп, кој бил активен по низа на јавни прашања, но бил и ветеран во Втората светска војна.

Година дена по неговата смрт, зајчиците одлучија да проговорат за неговата мрачна страна. Тие се појавиле во документарниот филм за него Hugh Hefner: The Big Bunny.

Хефер бил човек кој ужива во благодетите на животот, но понекогаш знаел и да претера. Во филмот, девојките истакнале каков човек бил позади четирите ѕида и како се однесувал кон нив. Меѓу првите девојки кои јавно истапија во јавноста е Холи Мадисон, која поминала седум години со него во вилата.

За да ја поминам ноќта со него, морав да бидам пијана и дрогирана. Не можев тоа да го избегнам и тоа беше единствениот начин за да го направам тоа“, признала Кендра, која ја напуштила вилата во 2009 година.

Пред 11 години, исто така излезе филмот наречен „Хју Хефнер: Плејбој, активист и бунтовник“, но во него повеќе се раскажувало за неговата борба со владата, религијата и феминистките.

Хефнер има четири деца. Во десетгодишниот брак со првата сопруга Мили Вилијамс ги доби ќерката Кристина и синот Давид, а во бракот со Кимберли Конрад, ги доби синовите Марстон и Купер. Последната негова сопруга му беше Кристал Харис.

 

Scroll to Top