Графологот и аналитичарка на ракописи, Шејла Курц, вели дека првата дама на САД, Меланија Трамп, се плаши од нејзиниот сопруг. Таа вели дека до ваков заклучок дошла, додека го проучувала нејзиниот ракопис.
Ракописите на Меланија и американскиот претседател Доналд Трамп, се речиси идентични. Тоа може да се види и на писмото кое Меланија го потпишала и испратила до претставниците на здружението ПЕТА. Истовремено Меланија ѝ се заблагодарила и на Памела Андерсон за подарениот капут од вештачко крзно.
Курц смета дека сличноста на двата поптиса упатува на тоа дека Меланија се обидува да го копира својот сопруг. Прашањето кое само се поставува е дали тоа го прави на сопствена волја, како имитаторка, или пак е до таа мерка исплашена од својот застрашувачки сопруг, што изгубила и дел од сопствениот идентитет, објаснува Курц.
„Сличноста е неверојатна, но јасно е дека потписот е стилизиран и дека Меланија го има увежбано“, вели Курц.
Аналитичарите веќе претходно имаат заклучено дека од ракописот на Трамп може да се види дека тој е егоцентричен, претерано самоуверен и дека е многу нарцисоиден човек, чија одлучност се граничи со рационалното постапување.
Графолозите и експертите за ракописи, велат дека преку автентичните ракописи, можат да дознаат за карактеристиките и емоциите на личностите, кои се индивидувални во еднаква мерка како и еден отпечаток од прст.