Карантинот може да убие 75.000 луѓе, многу повеќе од коронавирусот, сметаат британски научници кои објавиле документи на 188 страници.
Тие се надеваат дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе се откаже од новите рестрикции кои планира да ги воведе за да се спречи ширењето на опасниот вирус.
Документот, претседатен од Советодавно научно тело за вонредни ситуации на владата на Велика Британија, открива дека 16.000 луѓе умреле во март и април, поради хаосот кој настанал во болниците и центрите за нега.
Се прогнозира на дополнителни 26.000 смртни случаи, во наредните година дена, доколку луѓето не се тргнат подалеку од болниците.
Доплнителните 32.000 луѓе би можеле да починат во наредните пет години, поради откажани операции, пропуштени дијагнози на рак и последиците од рецесија на здравството.
За тоа време, бројот на жртвите од коронавирусот би можел да изнесува околу 42.000. Од друга страна, мерките против короната кои се воведени во Велика Британија во март, имале и добри страни, пишува во документот.
Ако ништо не било направено, бројот на мртви случаи би изнесувал 400.000, а таа цифра би пораснала и на еден милион, ако здравствениот систем колабрирал.
Доктор Џон Ли во „Дејли Мејл“ предупредил дека властите ризикуваат, лекот против болестите да биде полош од самата болест.
Иако владата имала увид во овој документ, уште во јули, јавноста се прашува зошто дури сега истиот е обелоденет и зошто никој од претставниците во власта не реагирал и пружил дополнитени информации.
Бројот на луѓе кои би можеле да го изгубат животот од другите заболени е голем. Кога почнала пандемијата, голем број хронични болни, а и други граѓани, строго се придржувале на препораките да не излегуваат од дома, ако не е неопходно, што довело до тоа да останат без одговорачката нега.
Иако постоел страв дека болниците пораид корона ќе бидат пренатрупани и дека системот ќе доживее колапс, тоа всушност никогаш не се случи.
Поради карантинот, зголемен е бројот на луѓе кои починале во својот дом од срцеви удари или шлогирања, е наведено во студијата. Се проценува дека такви смртни случаи ги имало 2085.
Бројот на смртни случаи поради срцеви заболувања се зголемени за една третина од март до јуни во Англија и Велс, а бројот на мртви во домовите за нега се зголемил за третина, затоа што пациентите не можеле да ја добијат соодветната нега, затоа што вниманието било насочено на коронавирусот.
„Индиректната стапка на смртност би можела да ја надмине стапката на смртност од коронавирус“, пренесува „Дејли Мејл“.