Српската пејачка Романа Паниќ, која пред два месеца ја ослободија од затвор во Австралија, каде што беше поради грабеж на банкомати, ќе се натпреварува во реалното шоу „Задруга“ за 100.000 евра, пишува „Ало“.
Продуцентите на шоуто ѝ се јавиле на пејачката веднаш штом се вратила во Србија од Австралија, но таа тогаш ги одбила. Сега, сепак прифатила да влезе во шоуто поради парите што ѝ ги понудиле. Таа во шоуто ќе раскаже и детали за апсењето и за грабежот.
„На Романа првин ѝ понудија малку помал хонорар, но таа не сакаше ни да чуе да влезе во шоуто за тие пари и да остане девет месеци. Сега ситуацијата е друга, ќе влезе пред Нова година и ќе заработи многу повеќе за да ги исплати и долговите“, рекол извор близок до пејачката за „Ало“.
Истиот извор рекол дека Романа имала уште неколку услови, меѓу кои да ѝ обезбедат фризер еднаш неделно и да не ја казнуваат ако спие подолго од другите.
За потсетување, Романа и нејзиниот свршеник пред неколку месеци беа уапсени во Бризбејн, Австралија, бидејќи извршиле грабеж на неколку банкомати и зеле десетина илјади евра. Двајцата беа уапсени, а откако поминаа неколку месеци во затвор, беа пуштени на слобода и депортирани во Србија.