Најголем хакерски напад на болница во историјата на САД

На еден од најголемите болнички центри во САД, му се случи најголемиот хакерски напад во историјата. Компјутерските системи на компанијата Universal Health Services, која работи на повеќе од 400 локации, пред сè во САД биле нападнати од хакери.

Системите престанале со работа за време на викендот, а некои болници морале да се послужат со стари методи на превземање на податоци. Извори запознати со случајот, велат дека лекарите морале да ги запишуваат пациентите со пенкало и хартија.

Компанијата не одговорила веднаш на барањата за коментар, туку на својот сајт објавила соопштение дека нејзината мрежа во моментов е прекианта поради проблеми со ИТ безбедност.

Како што неофицијално може да се слушне, целиот случај мириса на ренсомвер напад.

Станува збор за многу злонамерен напад на софтверот, кој ги заборава вашите податоци, а оние кои го нападнале, бараат откуп, за повторно ви дозволат да имате пристап до податоците.

Вавкиот тип на хакерски напад стана доста актуелен во денешно време иако не е до толку насочен кон болниците.

Еден пациент починал за време на еден таков напад кој се случил на почетокот на септември во Германија, а претходно било упатено барање за негово преместување во друга болница. Тоа бил прв таков смртен случај поради ренсомвер.

Ваквите типови на хакерски напади, главно се извршуваат за време на викендите. Веројатно хакерите претпоставуваат дека во болниците во тој период, нема доволно ИТ експерти.

Две медицински сестри од Universal Health Services, кои сакале да останат анонимни, изјавиле дека нападот почнал за време на викендот и дека медицинскиот персонал бил присилен да работи со помош на пенкала и хартии.

Една од медицинските сестри, која работи во Северна Дакота, објаснила дека компјутерите на почтокот драстично забавиле, а потоа не можеле ни да ги уклучат во неделата утрото.

„Од тогаш сите компјутери се исклучени“, изјавила таа.

Друга сестра од Аризона, изјавила дека компјутерите самите почнале да се исклучуваат.

„Нашиот систем за лекови и рецепти се наоѓа само на мрежата, онлајн, така што беше многу тешко да се снајдеме“, објаснила таа.

Иако картоните на пациентите воглавно ги има на картони, информациите за терапиите, се онлајн и дури на крајот на денот се копираат на картон.

Инжинер за ИТ безбедност со децениско искуство во мрежите на болниците, Кенет Вајт вели дека секое доцнење и навремено реагирање кај пациентите, за време на ренсомвер, може да биде кобно за пациентите.

„Кога медицинските сестри и лекари не можат да пристапат до лабораториите, радиолошкиот или кардиолошкиот извештај, тоа може драстично да го забави лекувањето, а во екстремни случаи каде е потребно итно пренасочување на пациентот на итно лечење во друга болница, постои реална можност пациентите да починат“, вели Вајт.

 

Scroll to Top