Атлетичарот Јован Стојоски постави нов национален рекорд на 300 метри, откако денеска го подобри стариот рекорд за скоро две секунди. Стојкоски истрча 300 метри за 33,83 секунди, а со тоа и подобри сопствениот рекорд на оваа патека.
Тој е и државен рекордер на 200 метри, а времето од 21,32 секунди го постави во јуни 2019 во Сараево.
Вчера Стојоски потпиша договор за стипендија со Македонскиот Олимписки Комитет и стана стипендист на програмата „Токио 2020“.