(Видео) Македонските пејачи растурија во „Гранд“ и го скараа жирито

Пет македонски пејачи настапија вчера во третиот круг од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Во следниот круг од натпреварувањето поминаа четири од нив, Александар Јосифовски, Никола Станишиќ, Александар Темелков и Мите Стоилков. Сите добија пофалби за настапите, но пеењето на Мите го скара жирито во „Гранд“.

Александар Јосифовски

Откако ги испеа своите две песни, од Мишо Ковач и Влатко Лозаноски, Мите од Карлеуша и Шерифовиќ доби пофалби дека растурил на сцената, но и критика што една од нив две не му е ментор за пеење.

„Ти самиот ја избра Вики Миљковиќ да те учи? Колку гласа имаше во вториот круг дечко? Пет? И од сите членови реши Вики да ти е ментор? Нешто не е во ред со тебе. Таа никогаш нема да те направи ѕвезда, не е добра“, му кажаа Јелена и Марија.

Мите Стоилков

„Сакате да кажете дека јас сум неспособна“, ги праша Вики, по што почна караница во студиото.

Мите, е инаку победник на шоуто „Пинкови ѕвезди“, а од минатата година се натпреварува во „Гранд“. Тогаш членовите на жирито му рекоа дека не е ни чудо што се префрлил кај нив, оти „Пинк“ не знае како да прави ѕвезди од нивните пејачи.

Настапот на Мите почнува на 1:57:35.

Scroll to Top