Украинскиот атлетичар Сергеј Шевченко победи на годинашниот Скопски маратон во конкуренција на 1.500 натпреварувачи. Тој запиша и личен рекорд од 2:22.49 часа. На второто место заврши најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со време од 2:31.16 часа, а трет беше Кристијан Тошиќ од Србија. Зад водечката тројка се пласираа уште четири македонски атлетичари: Александар Кираџиев, Марјан Бонев, Кокан Ајановски и Сашо Богојевски.
Кај жените, најдобра беше албанската атлетичарка, Луиза Гега, со време од 2:35.34 часа, а во полумаратонската трка во женска конкуренција победи Миљана Ристиќ со време 1:26.31 часа. Во полумаратонот во машка конкуренција победи македонскиот атлетичар Атанас Анчевски, со време од 1:14.09 часа.