Ванеса Брајант го изневерила Коби со негов соиграч

Сопругата на легендарниот НБА-кошаркар Коби Брајант, Ванеса, го изневерила својот сопруг со еден од неговите соиграчи, пишуваат американските медиуми.

Коби Брајант, кој годинава загина со неговата ќерка во хеликоптерска несреќа, зад себе ги остави  38-годишната сопруга и трите ќерки, Наталија, Бјанка и Капри.

Ванеса во едно од своите интервјуа откри дека останала без својот најдобар пријател, љубовник, сопруг и животен сопатник.

Иако двојката мина низ големи проблеми во текот на бракот, од обвинувањата за сексуална злоупотреба па до абортусот, двојката сепак остана заедно до крај.

Ванеса во еден дел од животот открила дека Коби не ѝ бил верен. Тој ги сакал жените, а жените го сакале него. Никогаш не зборувал за своите гревови, а кога Ванеса повеќе не можела да го трпи тоа, му побарала развод.

Во 2011 година медиумите пишуваа дека дошол крајот на една од најпопуларните двојки. Подоцна Коби и Ванеса одлучиле да се смират и две години подоцна решија да останат заедно и да поработат на нивната врска.

Приказната што деновиве се шири низ медиумите доби поинакво продолжение. Ванеса била таа која не му била верна на сопругот,  го изневерила Коби со еден од неговите соиграчи. Името на кошаркарот засега не е познато.

Медиумите пишуваат дека Ванеса и нејзиниот љубовник биле три месеци заедно. Неверството се случило пред повеќе од пет години. Таа го лажела Коби дека излегува на вечера со пријателките.

„Коби никогаш не дозна за нејзиното неверство. Можеби така е подобро, затоа што тоа ќе му го скршеше срцето на илјадници парчиња“, открива неименуван извор близок до поранешната НБА-ѕвезда.

 

Scroll to Top