Најтрофејниот клуб во Лигата на шампиони, Реал Мадрид, првпат по 40 години не купи ниеден нов фудбалер во летниот преоден рок. Иако „кралевите“ често беа поврзувани со неколку имиња, тренерот Зинедин Зидан решил да не донесе засилување за новата сезона.
Реал Мадрид од позајмици ги врати Алваро Одриозола, Мартин Едегард и голманот Андриј Лунин, кои минатата сезона играа во други клубови.
Од Сантијаго Бернабеу годинава си отидоа заминаа Герет Бејл и Серхио Регуилон (Тотенхем), Хамес Родригез (Евертон), Ашраф Хакими (Интер), Борха Мајорал (Рома), Оскар Родригез (Севилја), Брахим Дијаз (Милан) и клубот заштеди над 100 милиони евра.
Спортските експерти претпоставуваат дека ваквата тактика на Реал значи дека тие во зимскиот преоден рок ќе се обидат да го донесат во клумот Килијан Мбапе.