Британскиот актер Алекс Петифер, кој се прослави со филмот „Магичниот Мајк“, тајно се ожени со германската манекенка Тони Гарн, некогашна девојка на Леонардо ди Каприо.
Алекс и Тони се венчаа минатата недела во Хамбург, а со нив беа само неколку најблиски роднини и пријатели. Тие се свршија за Бадник по две години врска, а веста тогаш во јавноста ја сподели 28-годишната манекенка.
„На Бадник љубовта на мојот живот ме изненади и на колена ме замоли да бидам негова засекогаш. Тој ми го смени животот од денот кога го запознав и ми покажа што е љубов. Да, едвај чекам да го поминуваме секој ден заедно“, напиша тогаш Тони.
Таа претходно две години беше во врска со Ди Каприо, во 2013 и 2014 година, но со Леонардо никогаш не се појави во јавноста, ниту, пак, објави заедничка слика.
https://www.instagram.com/p/CF7k-f6pFMz/