Македонија подобра од Косово ѝ е на чекор до историски пласман на Европското првенство

Македонската фудбалска репрезентација со победата над Косово од 2:1 е на една победа од историски успех и пласман на Европското првенство во 2021 година.

Македонските фудбалери на арената „Тоше Проески“ го победи Косово, во меч со многу грешки, чудни голови, но и два поништени голови за Македонија.

Селекторот Игор Ангеловски со фудбалерите ги очекува тешко гостување во Тбилиси кај Грузија на 12 ноември. Победникот ќе добие шанса да игра за првпат во својата историја на едно големо фудбалско натпреварување.

Македонија дојде во водство во 16. минута, преку автоголот на Бенјамин Кољоли. Претходно шутираше Стефан Ристовски. Косово израмни преку Флорант Хадерѓонај, по лошата реакција на голманот Столе Димитриевски и дефанзивецот Дарко Велковски.

Велковски во 33. минута, по одличното нафрлање од Енис Барди од слободен удар, повторно ја врати предноста за Македонија.

Во 54. минута, Аријан Адеми му асистираше на Пандев, кој го совлада голманот, но судијата досуди офсајд. Во 66. минута, повторно ни беше поништен погодок. Адеми стрелаше за прецизно, но погодокот не му беше беше признаен.

Во 70. минута, Македонија можеше да добие и пенал, кога Ваљон Бериша играше со рака во пеналтикот, но холандскиот судија Дени Макели сметаше дека се работи за ненамерна грешка.

Scroll to Top