Српскиот фолк пејач Бора Дрљача почина синоќа на 79 годишна возраст. Српските медиуми пренесуваат дека фолкерот починал по долгата и тешка борба со карциномот.
Тој починал во својот дом меѓу најблиските. Тие велат дека во изминатите месеци, тој неколку пати бил хоспитализиран.
Тој изминативе години стана ѕвезда на „Твитер“. Неговите твитови беа препознатливи по тоа што секогаш пишуваше исклучително со големи букви, а неретко споделуваше и комични фотографии на неговиот профил на „Инстаграм“.
Бора ќе остане запаметен како естраден уметник со плодна музичка кариера. Ја има добиено и наградата за животно дело. Зад себе има оставено околу 400 песни и продадено над пет милиони плочи и касети.
Пејачот зад себе остави два сина, Владимир и Бранислав. Тој никогаш не криел дека тешко го поднесе трагичното самоубиството на сопругата, која беше пронајдена мртва во парк откако се предозирала со седативи.