Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се новите шампиони во НБА лигата. Тие титулата му ја посветија на својот соиграч Коби Брајант, кој годинава трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа.
Во шестиот финален меч, убедливо го совладаа тимот на Мајами (106:93) и триумфираа во серијата со вкупен резултат 4:2. Лејкерси по 10 години чекање, стигнаа до 17. титула во историјата и се изендначија со тимот на Бостон Селтикс на вечната листа на најтрофејни клубови во НБА лигата.
Лејкерси доминираа во мечот со Мајами. Ја имаа контролата на теренот од првата до последната минута. На противникот не му дадоа шанса да се врати во игра. На средината од третата четвртина, имаа дури 36 поени предност. Мајами до крајот успеа само да го ублажи поразот.
МВП му припадна на Леброн Џејмс. Тој забележа нов импресивен трипл-дабл и мечот го заврши со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Ова е четвртиот прстен кој го има освоено во кариерата и четврта МВП титула.
Добар меч одигра и Ентони Дејвид, кој имаше 19 поени и 15 скокови. Рондо погоди за 19 поени, Поуп за 17, а Грин за 11. Во поразениот тим, најефикасен беше Адебајо со 25 поени и десет скокови, додека Батлер и Карудер погодија за 12 поени.
Лејкерси се вратија на тронот, а до титулата во текот на сезоната ги водеше легендарниот Коби Брајант, на кого неговите соиграчи му го посветија овој трофеј.