До 2070 година, планетата Земја ќе ја достигне температурата која сега ја има пустината Сахара, велат научниците. Ваквата состјба ќе ги примора три милијарди луѓе да ги напуштат своите домови или да се обидат да преживеат на пеколните температури.
Од аспект на опстанокот на човештвото, податокот е загрижувачки, затоа што земјоделското земјишти би било неупотребливо за одгледување на основните култури за прехрана на луѓето.
Предвидувањето на екстремните температури на нашата планета во следните 50 години, се заснова на климатските промени, затоа што емисијата на штетни гасови кои имаат ефект на стаклената градина станува поголеми.
Студијата објавена во зборникот на Националната академија на науки укажува на фактот дека регионите во сите населени континенти, ќе станат целосно негостољубиви, особено оние околу Бразил, северна Африка и Индија.
Во меѓувреме, огромни делови на Русија, Канада и Арктикот, постепено ќе развиваат умерена клима. Ако против климатските промени не се бориме студиозно, на меѓународно ниво, во тој случај, речиси половина од луѓето на Земјата ќе мораат да пронајдат нов дом во наредните децении, предупредуваат научниците.
Затоа што поедини делови од светот го надминуваат вообичаениот температурен праг, голем број од климатските бегалци, ќе мораат да побегнат во северните и најужни делови во светот, по пограга за подобро и побезбедно опкружување.