Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец и играч на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, од следната недела ќе биде тренер на „Дерби Каунти“, пишува весникот „Сан“.
Тие се повикуваат на извор близок до клубот, кој вели дека 34-годишниот фудбалер е блиску до преземање на тренерската функција иако е и играч на клубот од оваа сезона. Официјалните лица од „Дерби“ наводно не се задоволни од работата на нивниот сегашен тренер Филип Коку. Холанѓанецот може да биде отпуштен следната недела, а клубот планира да го назначи Руни за нов тренер.
„Дерби“ имаше лош страт во сезоната 2020/2021 по претрпените три порази на четири натпревари во Чемпионшип.