Вилијам и Кејт, се единствените родители кои ги кршат правилата во школото каде учат Џорџ и Шарлот

Седумгодишниот британски принц Џорџ и година дена помладата принцеза Шарлот, се единствените ученици чии родители смеат да ги прекршат школските правила, пишуваат британските медиуми.

Кога Џорџ и Шарлот ќе ја преминат вратата од школото, каде одат, за нив важат истите школски правила како и за останатите деца.

Но, за децата на Вилијам и Кејт, секогаш се наоѓа некаков исклучок, а во овој случај тоа е строгото правило кое од школото Томас Батерс, го воведоа поради коронавирусот, пишува Vanity Fair.

Поради коронавирусот, управата им забранаето на родителите да влегуваат внатре во школскиот двор. Родителите мораат да ги оставаат и земаат своите деца, пред портата на школото.

Ова правило важи за сите освен за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тие секој ден ја продолжија рутината да влегуваат со возилата во дворот, од каде ги земаат Џорџ и Шарлот.

„Веројатно тоа е се случува затоа што со војводата од Кембриџ доаѓаат и луѓе од обезбедувањето кое ги следат“, објаснила експертот за кралското семејство, Кејти Никол, а тоа го потврдиле уште неколку родители чии деца учат со Џорџ и Шарлот.

Нико вели дека кралските деца учествуваат во сите активности како и останатите ученици и често си играат со нив. Никој од учениците не е должен да ги нарекуваат Џорџ и Шарлот со нивните кралски титутли. Кејт и Вилијам велат дека тие се воодушевени што повторно се вратија во школо.

Џорџ е многу популарен во школото и има голем број пријатели, а и самите Вилијам и Кејт се љубезни кога ќе се сретнат со другите родители и често разговараат со нив, вели Никол.

 

Scroll to Top