Актерката Софија Вергара на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира гола, а за помалку од 24 часа заработи речиси 800.000 лајкови и многу комплименти од нејзините обожаватели.
Тоа е всушност постара фотографија направена за време на едно снимање и ова не е првпат Софија да објавува фотографии од минатото за да потсети на некои настани.
Таа со своите следбеници често споделува фотографии од снимање во минатото, најчесто оние од 90-тите години на минатиот век, а нејзините обожаватели ѝ кажуваат дека и денес, кога има 48 години, изгледа исто толку занесно.
„Изгледаш како божица“, ја пофали еден коментатор.
„Убава фотографија, изгледаш совршено“, се согласија другите.
Софија неодамна е прогласена за најплатена актерка во светот од страна на магазинот „Форбс“, а било објавено и дека заработила неверојатни 40 милиони долари во последните 12 месеци.