Актерката Меган Маркл и нејзиниот три години помлад сопруг, поранешниот принц Хари, го добија својот прв службен портрет, откако го напуштија кралското семејство.
Црно-белата фотографија ја сними фотографот Мет Сајелс, кој ги сликаше сопружниците во нивниот дом во Калифорнија во пресрет на појавувањето на посебното издание Time100 Talks.
На најновиот портрет, Меган е фатена со искрена насмевка, додека седи на стол, а својата рака ја има потпрено на ногата на Хари. Хари, пак, седи зад неа и срамежливо се смешка во камерата. Многумина фанови им напишаа дека ова е нивната најубава заедничка фотографија.
Им коментираа дека изгледаат среќни, неоптоварени и слободни.
„Драго ми што го гледаме ова. На крајот го најдовте својот мир и побегнавте од застрашувачкото семејство“, напишале некои од нив на „Инстаграм“.