Оскаровецот Џеф Бриџис откри дека има рак

Американскиот актер и добитник на Оскар Џеф Бриџис откри дека има рак на лимфните жлезди, но дека неговата прогноза е добра.

Потсетувајќи се на познатата улога од филмот „Големиот Лебовски“, тој во твит напиша дека започнува терапија против сериозна болест.

Лимфомата е облик на рак кој ги напаѓа лимфните жлезди – дел од организмот што се бори против микробите.

70-годишниот Бриџис е добитник на Оскар за најдобра машка улога во 2010 година, за улогата на пејач алкохоличар во „Лудo срце“ (Crazy Hearth).

Познат е и по улогите во филмовите „The Last Picture Show, The Contender“ и „Starman“, како и по култниот филм „Големиот Лебовски“ од 1998 година, во кој ја игра безделничар од Лос Анџелес.
Во интервју за Би-би-си во 2016 година Бриџис изјавил: „Навистина се обидувам да не снимам филмови. Се обидувам да не глумам, бидејќи има многу други работи што сакам да ги правам, да речеме свирење на гитара. Еднаш кога ќе се обврзате, многу сте зафатени, па затоа се обидувам да не го сторам тоа“.

 

Scroll to Top