Актерот Бен Афлек и неговата помлада колешка Ана Де Армас се пред раскинување, пишуваат светските таблоиди. Двајцата веќе подолго време живеат одвоено, поради што и често се расправаат, пишува магазинот Globe.
Додека беа заедно во карантин, работите се одвивале лесно и сјајно. Но, кога мерките почнаа да попуштаат, Бен замина во Ирска каде што снима нов филм со својот најдобар пријател Мет Дејмон.
Неколку месеци снимање и физичката одвоеност оставија последици врз нивниот однос. Двајцата не можат да прекинат да се расправаат по телефон, открива извор близок до Бен Афлек.
Оскаровецот во едно од своите интервјуа призна и дека разводот со актерката Џенифер Гарнер му била најголема грешка во животот, но пред неколку месеци 48-годишниот глумец ја почна врската со младата кубанска актерка Ана Де Армас.
Освен што се плаши дека Бен, додека е во Ирска, може да ја изневери со друга жена, на Ана ѝ е страв дека актерот може повторно да почне да пие. Тој веќе еднаш претходно имаше проблеми со алкохолот, што го чинеше и растурање на бракот со Џенифер Гарнер.
Извор близок до неа, пак, открива дека на актерката ѝ е досадно да биде сама во нивната куќа во Лос Анџелес, каде што главна занимација ѝ е чистењето и шетање на кучињата.