Поради големиот број заболени од коронавирус и неможноста болниците да ги примат сите, голем број од моќните земји подготвуваат специјални кампови, пишува „Курир.рс“.
Канадскиот политичар Роанди Хилер во парламентот јавно постави прашања за големиот број кампови што се градат во земјата, во кои властите сакаат да сместат не само заболени од коронавирус туку и многу други луѓе.
Канада навистина подготвува кампови за голем број луѓе отколку што наводно се заболени од коронавирусот, но не дава конкретен одговор за кого точно се подготвуваат овие кампови и за што ќе биде наменет остатокот од нивниот капацитет.
Вакви мерки се најавени и во Франција, кои треба да се спроведат до крајот на април 2021 година. Целата оваа работа се одвива врз основа на лажни статистики за наводна инфекција поради преголемиот број чувствителни ПЦР-тестови.
Истиот ден кога сите главни медиуми во земјата најавија можно целосно затворање на Франција до април 2021 година, во јавноста се потврди веста дека статистиката за пациентите од коронавирус во оваа земја биле лажни поради пречувствителните ПЦР-тестови.
Француските медиуми наголемо пренесуваат дека бројот на починати пациенти и оние во реанимација не се соодветни.
„Сакам да ви дадам некои многу важни информации. Член сум на одборот на Либералната партија во Канада. Седам во неколку одборни групи, но информациите што ги имам добиено потекнуваат од одборот за стратешко планирање, со кој управува премиерот“, вели Хилер.
Хилер вели дека како Канаѓанин и уште поважно како родител, кој сака подобра иднина за него, неговите деца и за сите други, мора да реагира на ваквите акции. Тој вели дека 30 % од членовите во неговиот одбор се незадоволни од правецот во кој се движи Канада.
Хилер објаснува дека нивните мислења се занемерени од властите и дека тие планираат да ги извршат своите зацртани цели, без разлика на сè. Тој вели дека голем дел од работите ги има одредено самиот премиер.
Хилер вели дека се брза со набавката и изградбата на изолациските објекти во секоја провинција и територија. Се очекува дел од населението да биде сместено во нив до крајот на декември годинава. Секојдневните нови случаи на Ковид-19 го надминуваат капацитетот на тестирања.
Тука е вклучен и зголемениот број смртни случаи поврзани со Ковид-19. До почетокот на јануари 2021 година се очекува целосно заклучување на големите градови.
Реформата и проширувањето на програмата за невработеност би требало да премине во универзална програма на основен доход, а таа се очекува да се случи до првиот кваратл во 2021 година.
Предвидената мутација на Ковид-19 или коинфекцијата со секундарниот вирус наречен Ковид-21, што ќе доведе до трет бран, со многу повисока стапка на морталитет и поголема стапка на инфекција, се очекува да се биде до февруари 2021 година.
Секојдневните нови случаи на хоспитализирани од Ковид-19 и смртни случаи поврзани со овој вирус и со Ковид-21 ќе го надмине капацитетот на медицинските установи.
Ќе бидат засилени мерките за ограничување на движењето, како и карантин. Тие се водат со името „трета брава“. Ќе се воведе целосно ограничување на патувањата вклучувајќи ги и меѓупокраинските и меѓуградските.
Преминувањето на поединци на универзалната програма на основен доход се очекува да биде на средината на 2021 година. Предвиден е распад на синџирите на снабдување, недостиг на резерви, голема економска нестабилност.
Ќе се распореди воен персонал во главните градски области, како и на сите главни патишта, заради воспоставување целосни контролни пунктови. Ограничувањето на патувањето и движењето ќе се воведе речиси насекаде. Ќе им се даде логистичка поддршка на подрачјата.
Ова се очекува да се случи во третиот квартал од 2021 година. Заедно со таа мапа, од одборот за стратешко планирање побарано е да се осмисли ефикасен начин за транзиција на Канаѓаните за да се оствари економски потфат без преседан.
Ова засекогаш ќе го промени лицето на Канада и засекогаш ќе им го промени животот на Канаѓаните. Хилер вели дека им било кажано оти она што во суштина претставува економски колапс, ќе им биде надоместено на меѓународно ниво.
Сојузната влада ќе им понуди на Канаѓаните целосно ослободување од долговите. Сојузната влада ќе им понуди на граѓаните да ги избришат сите лични долгови, хипотеки, заеми, кредитни картички и друго. Овие средства ќе бидат обезбедени од Меѓународниот монетарен фонд.
Ваквата програма е позната како светска програма за отплата на долговите. Во замена за прифаќање на простените долгови поединците засекогаш ќе го изгубат сопствеништвото над кој било имот или, пак, личен имот.
Поединецот би морало да се согласи да учествува во распоредот на вакцинацијата против Ковид-19 и Ковид-21. Хилер вели дека им било кажано оти светската програма за откажување на долговите ќе ги изработи сите детали.
Неколку членови од одборот на Хилер велат дека добиле загрижувачки одговори на прашањата што ќе се случи со оние што ќе одбијат да учествуваат во глобалата програма за отплата на долговите или распоредот на вакцинацијата.
Им било кажано дека имаат должност да спроведат план и да се осигурат дека до такво нешто никогаш нема да дојде. Им било кажано дека во најдобар интерес за поединецот е тој да учествува. На крајот им било посочено дека сите што ќе одбијат да учествуваат, ќе живеат под ограничување и заклучување на неодредено време.
Тие ќе бидат сметани за ризик за јавната безбедност и ќе бидат преселени во изолациски објекти. Кога ги добиле одговорите, следувала жестока расправа. Од ПМО велат дека целата агенда ќе се одвива, без разлика на тоа дали некој ќе биде против.
Главното ресетирање, претставено како контролиран процес, е опишано на порталот Logical уште пред една година.
Извор/„Курир.рс“