Се самоуби фудбалер на Манчестер Сити

Седумнаесет годишниот англиски фудбалер Џереми Вистен, е пронајден мртов во неделата. Причината за смртта засега не е позната, но службите се сомневаат дека тој се самоубил, затоа што не добил договор од клубот, пренесуваат англиските медиуми.

Џереми наводно го изгубил местото во академијата на „Граѓаните“, па паднал во тешка депресија. Тој на 13 години пристигнал во клубот, каде важел за еден од најталентираните играчи.

Тој не успеал да го искористи својот потенцијал и да се избори за позицијата, па од клубот одбиле да му понудат договор.

 

 

 

Scroll to Top