Првиот човек на фудбалскиот клуб Барселона, Џозеп Марија Бартомеу, вчера си поднесе оставка од претседателското место на каталонскиот тим.
Бартомеу одлучи да се повлече пет месеци пред претседателските избори откако 20.000 члена на клубот поднесоа петиција за негова смена.
Бартомеу ја изгуби поддршката, пред сè, поради ужасните потези на трансфер-пазарот и резултатите што тимот ги покажува во последниот период.
Најмногу Бартомеу си заминува поради конфликтот што го има со првата ѕвезда од тимот, Лионел Меси. Неговата одлука ги изненади сите кога тој во понеделникот изјави дека нема намера да си замине. Со него си заминува и целата управа во тимот.