(Фото) Џенифер Лопез се маскираше како Мадона за Ноќта на вештерките

Ѕвездата Џенифер Лопез за Ноќта на вештерките оваа година се маскираше како Мадона. Џеј Ло го ископира имиџот на Мадона од 1984 година, кога се прослави со песната Like a virgin. Џенифер носеше фустан од бела тантела со корсет, бисери и сребрен накит, и ја истапирала косата за да го долови ликот на поп-кралицата. Сликите ги објави на инстаграм и се пофали дека испеала неколку песни од Мадона на домашната журка.

Scroll to Top