Ерик Трамп, синот на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ го обвини противничкиот табор на Џо Бајден за изборна кражба. Ерик на социјалните мрежи прогласи и победа во Пенсилванија.
„Победивме во Пенсилванија“, навел тој на „Твитер“.
Оваа држава важи за една од трите одлучувачки кога се во прашање резултатите на американските претседателски избори. Досега во оваа сојузна држава пребројани се 85% од гласовите.
Иако не се сите гласови пребројани, синот на Трамп се огласи на „Твитер“ и објави победа. Само неколку минути по објавувањето дека победиле во Пенсилванија, „Твитер“ објавата ја карактеризира како непримерна, затоа што резултатите сè уште не се официјални.
Ерик Трамп исто така тврди дека се пронајдени и запалени и сокриени избирачки ливчиња, сугерирајќи дека изборите се украдени.
Тој на „Твитер“ сподели и објава со опис „Запалени 80 ливчиња на Трамп“, но таа повеќе не е достапна да се гледа јавно.
Синот на актуелниот претседател на САД исто така им се обрати и на новинарите во Филаделфија и во тие моменти ги обвини демократите дека се обидуваат да мамат на изборите.
„Ова е измама, се обидуваат да си поигруваат со изборите“, изјавил тој.
.@EricTrump in #Philadelphia: Democrats are trying to cheat pic.twitter.com/irs9GpOuvT
— Team Trump (Text VOTE to 88022) (@TeamTrump) November 4, 2020
На својот твитер-профил тој го ретвитуваше и видеото од едно избирачко место, на кое се гледа како луѓето кои ги бројат гласовите, ставаат на прозорци огромни бели картони, за да не се сними што се случува во просторијата.
We need more transparency, not less. https://t.co/p1qopA1qKA
— Trump War Room – Text TRUMP to 88022 (@TrumpWarRoom) November 4, 2020
Доналд Трамп во повеќе наврати по затворањето на избирачките места пишуваше на „Твитер“ за украдени избори. Исто така тој прогласи победа во клучните држави, па „Твитер“ и неговата објава ја означи како непримерна.
Набрзо по обраќањето на Бајден во јавноста, Трапм повторно се огласи на „Твитер“. Тој тврди дека неговиот штаб води во Пенсилванија, Џорџија и Северна Каролина.
(Фото) Трамп покажа фотографија со која ја откри изборната измама