Фолк-пејачот Дејан Матиќ вели дека за време на терористичкиот напад што се случил во Виена тој со пријателите вечерале во еден ресторан и дека кога ги слушнале пукотниците, веднаш избегале и се сокриле во подрум.
„Добив телефонски повик по кој дознав за нападот. Со пријателите ги следевме социјалните мрежи и во еден момент дознавме дека еден од терористите се приближува во ресторанот во кој ние се наоѓаме. Веднаш со пријателите се симнавме во долгиот дел од ресторанот“, изјавил Матиќ.
Пејачот последните десет години живее и работи во Виена. Неговиот дом се наоѓа на петнаесетина километри од центарот на Виена Тој вели дека за време на нападот не бил толку исплашен, затоа што децата не биле со него.
„Чекавме да видиме што ќе се случи, да се смири ситуацијата. Според тоа што го слушнав, тие биле распоредени на шест локации. Му се јавив на еден мој пријател, таксист, кој не успеа да стигне до нас. Имаше многу вооружени полицајци на улиците. Изгледаше како да е воена состојба. Никаде немаше возила освен на автопатот. Мислев дека Виена е последниот град каде што може да се случи вакво нешто“, изјавил Матиќ за медиумите.