Крунисувањето на принцот Чарл, кое се очекува да се случи наредната година, би значело крај на неговиот брак со војводката од Корнвел, Камила.
Ова го пишува писателот Роберт Лејсли во неговата книга Battle of Brothers. Врската, а потоа и бракот на британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, и неговата неговата две години постара сопруга Камила, од секогаш бил следен со скандали.
Иако од неверството на Чарлс, кое го означи крајот на неговиот брак со трагично починатата Дајана, поминаа веќе 25 години, голем број од обожавателите на поранешната принцеза не му имаат простено, ниту ннему ниту на неговата некогашна љубовница.
Како што пишува Роберт во споменатата книга, голем број од Британците не можат да се помират со фактот дека во скора иднина за кралица треба да ја имаат 73-годишната војвотка. Иако многумина и понатаму ја обвинуваат за крајот на бракот на некогашниот кралски пар, според Роберт, на Камила најмногу ѝ забележуваат што влезе во палатата во најлошиот момент за тогаш младите принцеви Вилијам и Хари.
Поради тоа, во јавноста ја доживуваат како жената која дополнително го нарушила нивното ментално здравје, а со самото тоа, не сакаат да ја видат на чело на државата.
Поради горенаведените работи, авторот на книгата која го раздрма дворот, но и јавноста, не ја исклучува можност а Чарлс пред крунисувањет, да го прекине бракот со Камила, кој службено го озаконија во 2005 година. На тој начин Чарлс ќе ѝ удоволи на јавноста и ќе ја преземе круната како крал, која ја чека веќе долго време.
Иако засега нема службена потврда за вакво нешто, интересно е да се споменат неколкуте пишувања за развод на овој кралски пар. Шпекулациите зачетија како се приближуваше денот за крунисување, кој според последните пишувања, е предвиден за шест месеци.