(Видео) Прекинат преносот на Трамп во живо

Три американски медиумски куќи ABC, NBC и CBS го прекинаа синоќа обраќањето на американскиот претседател Доалд Трамп, по само десет секунди, затоа што кажал дека дошло до измама на изборите и дека тој е победникот.

Судејќи според сè oстанато, на повидок е целосен пресврт во Америка. Кандидатот Џо Бајден е сè поблиску да зачекори во Белата куќа, како се ближи крајот на пребројувањето на гласовите во преостанатите пет држави.

Трамп вчерашното обраќање го започна со зборовите дека има десетина милиони неверификувани гласови, а пота беше прекинат преносот од страна на водителот на CNBC Шепард Смит.

„Го прекинуваме ова, затоа што претседателот на САД не ја говори вистината. Тој почна и нема да му дозволиме да продолжи за нешто што не е виситна“, изјави Смит, меѓу останатото.

 

Scroll to Top