Исламската дражва регрутира терористи од Босна и Херцеговина и Косово, пренесува српски Курир, повикувајќи се на германските медиуми. Медиумите во Германија опширно пишуваат за врската на виенскиот терорист Кујтим Фејзулај, со исламските кругови на Балканот.
Тој, како што се тврди, бил член на терористичката милиција на Исламската држава, односно филијала на Балканот, пренесува „Дојче веле“. Германските безбедносни служби, потврдиле за весникот „Тагешпигел“, дека во моментот се проверува дали „Фејзулаи“ делувал по налог на ИД.
„Фејзулај очигледно бил вклучен во ‘Балкан конекшн ИД’“, пренесува берлинскиот весник. Терористичката милиција во вторник превзеде одговорност за крвопролевањето во Виена, во кое Фејзулај во понеделникот вечерта уби четири лица, а рани 23.
„Медиумската агенција“ ИД Амак, го нарече Фејзулаи „воен калифат“, а австриските власти сметаат дека објавата на Исламска Држава на интернет, веројатно е автентична.
Атентаторот на Виена е роден во главниот град на Австрија и имал австриско државјанство, а неговото албанско семејство потекнува од Северна Македонија. Военото име му било Абу Дујан ал Албани.
Исламската дражва се обидува, како што пишува „Тагешпигел“, цитирајќи ги притоа изворите во безбедносните кругови, да се реконструра по последните порази, а терористичката милиција се обидува да регрутира приврзаници во БиХ и на Косово.
„Таа мрежа стигнува и до Германија, Австрија и Швајцарија“, пишува весникот.
Во швајцарското место Винтербур, полицијата уапсила двајца мажи, кои, како што се сомнева, биле во котнакт со виенскиот атентатор. Тоа што засега е познато е дека Фејзулаи во 2018 година во турското погранично подрачје во близина на границата со Сирија, стапил во контакт со двајца германски џихадисти.
И Фејзулаи сакал да се приклучи на Исламската држава, но турската полиција го уапсила и тој е вратен во Австрија. Подоцна поради членството во терористичката група е осуден на 22 месеци затвор, а е пуштен на слобода на крајот на 2019 година, прет отслужувањето на казната.
Берлинскиот весник „Тагесцајтунг“ пишува за реакциите на Балканот, за теротот во Виена. Дописникот Ерих Ратфелдер, ги пренесува и реакциите од родното село на семејството Фејзулаи во Северна Македонија, кое се наоѓа во близина на Тетово.
„Кога слушнавме дека тоа се случило, не фати срам“, велат жителите од тоа село. Тие, како што пренесува берлинскиот весник, веднаш се дистанцирале од тој чин. Атентатот, како што пишува „Тагесцајтунг“, предизвикал згрозеност и страв меѓу бројните муслимани, кои на Западен Балкан се повеќе од десет милиони.
Швајцарскиот весник „Ное Цирхер Цајтунг“, потсетува дека првата генерација на албански гастарбајтери во Австрија, стигнале во 60-те години од минатиот век. Тоа биле воглавно луѓе од руралните краеви, баш како и таткото атентаторот. Подоцна стигнале и други мигранти, а на крајот на 90-те и бегалците од Косово.
Голем број на членови од албанската дијаспора, како што пишува NZZ, не сваќаат зошто властите не го следеле подобро Фејзулаи, кој бил пуштен од затвор, пред отслужената казна, иако се знаело за неговото членство во Исламската Држава и намерата да се приклучи на џихадистите.