На вдовицата на Шон Конери ѝ се заканува затвор

На Мишелин Рокебрун, сопругата на починатиот актер  Шон Конери, ѝ се заканува казна затвор, пренесуваат светските медиуми. Мишелин е обвинета за затајување данок во Шпанија, поради што може да заврши во затвор, но и парично да биде казнета во износ од 21 милиони фунти.

Мишелин ги негираше сите тврдења за затајувањето на данокот, нарекувајќи ги глупости. Шпанските власти од друга страна ја товарат за затајување данок за време на продажбата на недвижности во Марбели.

Некои од медиумите пренесуваат дека тамошните власти ѝ порачале на Мишелин дека и покрај смртта на нејзиниот сопруг, случајот не е застарен. Тие предупредија дека имаат намера да ја известат Мишелин за обвинувањата, за да може да се одржи и судење.

 

View this post on Instagram

 

Sean Connery with Kim Basinger. From the set of Never Say Never Again (1983). The idea for title of the movie came from Connery’s wife Micheline Roquebrune, after Connery had told her he’d never play Bond again. Roquebrune receives a credit in the film for this, credited as Micheline Connery. #seanconnery #kimbasinger #neversayneveragain #1983 #michelineroquebrune #michelineconnery #sirseanconnery #connery #seanconnery007 #jamesbond #dominopetachi #jamesbond007 #bond007 #bond #007 #nassau #bahamas #neversayneveragainmovie #bondgirl #bondgirlsareforever #1980s #80smovies #bestbondever #icon #basinger #legend #hollywoodlegend #livinglegend #seanconnerywith #seanconneryscreenshot

A post shared by Sean Connery – Fan account (@sir_sean_connery) on

Обвинителите во Шпанија се пожалија на медиумите дека имаат недостиг на соработка со властите на Бахамите, каде што пред точно 11 дена почина Шон Конери.

„Двапати беа испратени службени барања на Бахамите, за Мишелин да биде известена за обвинувањата и судската постапка што се води против неа. Шпанските претставници засега немаат добиено никаков одговор“, изјавил неименуван извор.

Британски „Сан“ пишува дека на починатиот актер Шон Конери уште во 2014 година му било ветено дека нема да се товари за продажбата на неговата куќа во 1994 година. Куќата е срушена за да бидат изградени 70 станови и покрај тоа што правилата налагале дека може да се изградат само пет.

Адвокатите на атерот заедно со градоначалникот на Марбеле и шест советници завршиле во затвор поради измама. Судијата одлучил дека и на Мишелин исто така треба да ѝ се суди и дека таа може да се соочи со затворска казна и голема парична казна, ако биде прогласена за виновна.

Пред десет дена бројни обожаватели во светот беа потресени од веста за смртта на 91-годишниот шкотски актер Сер Шон Конери, кој почина во сон во својот дом на Бахамите. Конери беше првиот актер  кој го играше тајниот британски агент Џејмс Бонд 007.

Една од најпогодените беше неговата долгогодишна сопруга Мишелин, со која Шон беше во брак дури 45 години. Сепак по оваа трагедија, таа сега се соочува со уште една.

За потсетување, Шон Конери актерската  кариера ја започна во 1951 година, во театар. Многу брзо потоа за него беа заинтересирани продуцентите, кои почнаа да му нудат улоги во бројни британски серии и филмови.

Славниот таен агент 007 глумеше и во првите пет продолжетоци, а потоа се врати во 1971 година и одглуми уште две продолженија од славната франшиза. Во јуни 2006 година ја доби наградата за животно дело на Американскиот филмски институт и тогаш најави дека заминува во пензија.

Конери работел и како режисер на неколку филмови, а својот глас го има позајмено и во неколку анимирани филмови.

Scroll to Top