Уште не седнал на претседателското место, победникот од американските избори, Џо Бајден, фатен во голема лага, пренесуваат светските медиуми.
На прашањето на новинарот на „Фокс њуз“, Крис Валас, дали тој ќе прогласи победа сè до моментот додека изборите не бидат независно завери, Бајден одговори со да.
„Дали ќе побарате од вашите приврзаници да останат мирни додека се бројат гласовите и дали ќе се обврзете да не ојбавувате победа додека изборите не бидат независно заверени?“, го праша Валас, Џо Бајден, за време на првата претседателска дебата во Кливленд во Охајо.
„Да“, одговори Бајден.
„И еве го договорот. Ќе ги преброиме гласачките ливчиња. Како што истакнавте, некои од овие гласачки ливчиња во некои држави не можат да се отворат до денот на изборите, а ако постојат илјадници гласачки ливчиња, ќе треба време за тоа да се направи“, додаде Бајден.
Но, Џо Бајден не исполни ништо од кажаното. Тој од тогаш продолжи да се однесува како да е избран претседател, игнорирајќи го фактот дека претседателските избори 2020 година сè уште не се независно заверени.
Поранешниот потпретседател на САД, исто така ги повика сите Американци да носат маски, инсистирајќи дека изборите се готови.
„Изборите се готови“, тврди Бајден.
„Ќе бидам претседател до 20 јануари, но мојата денешна порака до сите, без разлика за кого сте гласале, е дека можеме да спасиме десетици илјади животи, ако сите носиме маски во наредните неколку месеци“, изјавил Бајден.
На крајот, во саботата вечерта, четири дена по изборите, тој го одржа својот победнички говор. Во меѓувреме, претседателските избори 2020 година допрва треба да бидат потврдени, затоа што членовите на администрацијата на претседателот Трамп тврдат дека претседателот навистина би можел да биде повторно избиран.