Глумицата Шенон Доерти криела од своите пријатели и колеги за тешката болест за време на снимањето на продолжението на хит-серијата „Беверли Хилс“.
Нејзините колешки од сетот, Џени Гарит и Тори Спелинг, проговорија за нејзината борба со ракот и открија дека Доерти не сакала никому да му даде до знаење дека ракот повторно ѝ се вратил.
Двете открија дека Доерти не сакала да им задава дополнителни грижи на луѓето околу неа и нејзините блиски пријатели. Таа не сакала да биде дополнителен товар и правела сè за да ја скрие болеста.
„Не знаевме дека болеста ѝ се вратила сè до оној момент кога таа повеќе не можеше да крие. Кога работите станаа јавни, сите видовме со каков проблем таа се соочува. Тоа е доказ колку Доерти е храбра и колку може да издржи. Да чуваш нешто такво во себе, долго време, без никој да забележи, е невидена храброст. Таа не сакаше да им задава грижи на луѓето околу неа и кои премногу ѝ значеа. Доерти не сакаше луѓето да ја сожалуваат и да мислат колку болеста може да биде напорна за неа. А навистина работеше напорно“, открива Тори во интервју со водителката Кејти Крос.
Двете глумици велат дека хороскопот одиграл важна улога во борбата со ракот. 49-годишната американска глумица, која се прослави по улогата на Бренда Волш во хитсеријата, сè уште води битка со тешката болест, која е во четврти стадиум.
Нејзините пријатели велат дека таа и понатаму не губи надеж и дека во неа се крие оптимизам со кој ќе ја добие оваа животна борба. Тие велат дека на тој начин таа сака да биде пример за сите други што водат тешка битка со ваквата болест..
„Нејзината сила и храброст лежи во фактот што таа во хороскоп е Овен. За Овните е карактеристично тоа што се издржливи и истрајни, а токму тоа се покажало како главен факт за Доерти“, велат двете глумици.