Британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа (25), го изненади регионот изминативе месеци промовирајќи голема Албанија, што предизвика лавина негативни коментари во Србија, Македонија, Грција и во Црна Гора, како и со тврдењата дека Косово никогаш нема да биде Србија. Oва недела ги повика Србите да ѝ платат за да ја слушаат.
Дуа многу бргу успеа да добие голем број негативни коментари од многу балкански земји, а некои јавни личности се огласија поради потегот на познатата кантавторка.
„Британската пејачка мора да сфати дека е 21 век“, рече српскиот глумец Боки Периќ, сигурен дека се работи за провокација на Србите.