(Видео) Откриен вирус десет пати поопасен од тој во Вухан

Научниците открија вирус, за кој велат дека е десет пати поопасен од тој кој првпат се појави во кинескиот град Вухан, пренесува српски Курир.

Иако е десет пати позаразен од кинескиот вид на коронавирус, мутацијата D614G остава доволно простор за антителата да реагираат на јадрото на самиот вирус.

Со тоа го прават помалку опасен за луѓето, велат научниците. D614G е еден од најраспространети видови на мутираниот коронавирус. Тестирањето на истиот врз заморчиња, било направено на американските универзитети во Северна Каролина и Висконсин Медисон.

Таму било откриено дека вирусот брзо се репродуцира и дека полесно се шири од оригиналниот кинески вирус SARS-CoV-2. Всушност за него велат дека е десет пати посилен поради мутацијата на шилестите протеини, со кои вирусот многу полесно може да се закачи на човечките клетки.

Но, од друга страна, Д614G не предизвикува сериозни болести и е чувствителен на лекови, па дури и на терапии со антитела. За време на експериментите со заморчињата, покрај тестирањето со D1614G вирусот, бил тестиран и кинескиот вид за да се утврди тежината на симптомите.

Здравите заморчиња биле сместени во одвоени кафези покрај оние со заразени единки. Но, сите кафези биле поврзани во заеднички довод со воздух. Во такви услови, резултатите биле јасни уште по два дена, пишува „Раша тудеј“.

Во тој период, здравите заморчиња не биле заразени со кинескиот вид на вирус, додека  шест од осум здрави морски прасиња се заразениле со D614G.

Така високата инфективност на овој мутиран вид би можела да биде неговата најслаба карика. Имено, мала пукнатина во шилестиот протеин, која ја зголемува неговата инфективност, го остава јадрото на вирусот изложено на надворешни влијанија, што го прави лесна цел за антитела.

Особено оние кои се наоѓаат во вакцината. Но, проблемот е во тоа што досега се забележани повеќе од 200 мутации на новиот коронавирус и секоја од нив бара дополнително медицинско истражување, за да се открие неговото потекло, а потоа и последиците и начините на контрола.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top