Републиканскиот конгресмен од Охајо, Џим Џордан, јавно ги праша демократите зошто се противат против каква било истрага што би ги расчистила сите недоумици што се јавуваат за претседателските избори.
Тој ги потсети гледачите на „Фокс њуз“ дека четири години ја туркале кампањата за руското мешање во изборите во 2016 година, но сега не сакаат да дозволат ни четири недели да го истражат интегритетот на овие избори.
Тие не сакаат да истражат и покрај сите оние изјави и загриженост на граѓаните.
Ја имавте оваа ситуација во Мичиген, каде што 6.000 гласа завршија на контото на Бајден, но всушност требало да отидат кај претседателот Трамп. Тоа мора да се истражи. Посакувам ваше отворање, судијо, затоа што поставивте толку многу прашања, зошто. Кога ќе ја спроведете истрагата, а вклучен сум во голем број истраги во Конгресот. Секогаш го поставувате прашањето зошто затоа што тоа доаѓа до мотивот“, изјавил Џордан.
„Зошто демократите немаат желба републиканците да го следат броењето?“, продолжил Џордан.
„Зошто се чини дека во време на изборната ноќ тие победија во сите свинг (колебливи) држави, каде што се случуваше непрекинато броење? Како во државите што направија повеќечасовна пауза во броењето изгубија? Зошто тоа се случи? Зошто демократите не сакаат тоа да се расчисти и да се дознае? И, искрено, во државата Пенсилванија, во која поминав пет дена по изборите, зошто во некои окрузи било дозволено да се проверуваат гласачките ливчиња? Некои од гласачите во тие окрузи можеа да си ги проверат своите гласачки ливичиња, а во други не можеа. Зошто во некои окрузи беше дозволено порано гласање, а во други не? И зошто во некои окрузи беа поставени привремени места за сателитско гласање, а во други не? Можете ли да замислите во кои окрузи тоа го дозволија, а кои не? Сите овие прашања се со ‘зошто’ зашто демократите не сакаат да знаат? Повторно поминаа четири години истражувајќи ја оваа лажна руска работа. Но, не може да потрошат четири недели за да постигнат интегритет на американскиот изборен систем и да сфатат што точно се случило? Поради тоа Американците сакаат ова да продолжи и сакаат да ја дознаат вистината“, коментирал Џордан.