Српскиот глумец со македонско потекло, Иван Бекјарев, почина на 74 години од коронавирус. Бекјарев почина денес во Белград. Тој претходно подолго време беше во болница во Лесковац, каде што беше однесен откако му се слошило на снимањето на филмот „Беше еднаш во Србија“.
Бекјарев е роден во Белград 1946 година. Родителите му се Македонци, кои пред Втората светска војна се преселиле во Србија.
Првата улога Бекјарев ја одигра во 1967 година во филмот „Боксерите одат во рај“, а се прослави со улогата на Стевица Курчубиќ во серијата „Подобар живот“.
Тој беше кандидат за пратеник во српското собрание, но и редовен професор по глума на Академијата за уметности во Белград.