Хари и Меган бегаат со Арчи од САД на карипските острови

Популарната двојка Хари и Меган Маркл, заедно со нивниот син Арчи, планираат да си заминат од САД, на некои од егзотичните карписки острови. Како што јавува магазинот „ОК“, на двојката им прекипело од јавниот притисок кој го чувствуваат и сакаат да заминат на одмор.

И додека Британците со нетрпение ги очекуваат да се вратат назад во кралската палата, каде заедно со кралицата Елизабета ќе ги поминат божиќните празници, двојката решила да замине во некои потопли краеви, открива извор близок до нив.

„Сите работи кои им се случија откако започнаа самостоен живот во Америка, остави трага врз нив. Затоа топлиот песок под палмите и прошетките низ плажите, за нив ќе биде рај“, открил изворот.

Тој објаснил дека двојакта се надевала на малку поинаков живот во Америка, од оној во Велика Британија. Наместо тоа, од почетокот биле под окото на медиумите и јавноста, нешто од кое побегнаа од кралската палата. Овој пат, покрај британската, интерес покажува и јавноста во САД.

„На Хари и Меган им е потребно да побегнат од сето тоа“, открива изворот.

Кралскиот историчар Роберт Лејси, во новата книга Royals At War, открил дека на Хари не му се допаднал новиот живот во САД и дека жалел што и дозволил на Меган да го наговори да го напушти кралското семејство и докжности во татковината.

На Хари му паѓа тешко, занејќи дека неговиот татко и баба, се веќе стари и нема да живат уште долго, а тој е оддалечен илјадници километри од нив.

„На почетокот беше возбуден од новиот живот, но сега се чувствува измачено“, открива изворот.

 

Scroll to Top