Платен убиец Чаба Дер, денес на полицијата во Будипмпешта им открил дека добил понуда од две различни криминални организации, од нашите простори, за да го убие српскиот претседател Алсксандар Вучиќ, пренесува српски Курир повикувајќи се на извори од унгарската полиција.
За потсетување, Чаба Дер (39), е платен убиец познат под надимакот насмеан убиец. Тој во моментов е во притвор во Унгарија, поради сомнение дека убил најмалку тројца луѓе, во Белград, Холандија и Будимпешта.
Минатата година во декември, тој признал дека во јануари 2018 година, на Баново брдо во Белград, ладнокрвно го застрелал Небојша Марковиќ (37), кој во тој момент вадел детска количка од багажникот на неговата кола.
За потсетување, Небојша е убиен по грешка, откако Чаба Дер го заменил за Александар Шарц, кој пред недела дена бил ранет во Ушче, по што подоцна и починал. Убиениот Небојша, бил зет на Шарц.
Извор/Курир.рс