Македонскиот пејач Никола Перевски-Пере од групата „Нокаут “ ја доби својата трета ќерка.
Весте ја сподели неговиот брат, кој соопшти дека Пере и Јована ја добиле Софиа Перевска.
За љубовта со Јована, која првпат ќе стане мајка, Пере со возбуда ни раскажува колку е среќен. „Неодамна се свршив со Јована, мојата долгогодишна љубов. Дознав дека повторно ќе станам татко, и тоа трет пат на ќерка, што за мене е огромен благослов. Друг многу значаен момент за мене е тоа што мојата мајка извојува една многу тешка победа и сега со нетрпение и со нови сили го очекува петтото внуче“, ни раскажа неодамна Пере за „Репортер.мк“.