Никола Ѓуричко и Роберт Ингланд заедно во популарнта серија „Чудни нешта“

Српскиот актер Никола Ѓуричко, ѕвездата на „Игра на тронови“ Том Влашиха и иконата на хорор филмовите Роберт Ингланд ќе бидат дел од четвртата сезона на „Чудни нешта“ . Ова е една од најпопуларните серии на „Нетфликс“. За деталите за новата сезона сѐ уште многу не се објавува ид продукцијата, иако прв краток трејлер беше објавен уште во февруари во кој Хопер (Дејвид Харбор) ги преживеал настаните од финалето на третата сезона и го држат како заробеник во Советски Сојуз. Токму Ѓуричко и Влашиха се два нови руски лика во серијата.

„Јури е непредвидлив руски шверцер, кој сака црн хумор, пари и путер од кикиритки. Не смеам да откријам никакви други детали, дури ни на мајка ми“, изјави Ѓуричко.

Ингланд, кој се прослави со улогата на Фреди Кругер, ќе биде Виктор Крил, проблематичен и застрашувачки човек кој е затворен во психијатриска болница за ужасно убиство од 1950-ите.

Новата сезона, ќе излезе следната година.

Scroll to Top