Кога помислив дека ја загубив сопругата, имав потреба да бидам со децата, Ацо Пејовиќ низ солзи раскажа за најтешките моменти во својот живот

Пејачот Ацо Пејовиќ за време на гостувањето во емисијата на водителот Милан Калиниќ, „Преживеани“, проговори за својот најтежок период во животот, моментите кога помислил дека ја изгубил сопругата Билјана.

Тој објасни дека таа била во тешка здравствена состојба и дека морале итно да ја оперираат од аневризма, проширување на артеријата во мозокот. Пред операцијата лекарот ѝ дозволил да ги види децата затоа што тоа можело да бидат нивните последни заеднички моменти.

„Ми рекоа дека од илјада, само еден пациент преживува ако пукне артеријата во мозокот. Лекарот што ја водеше операцијата ги повика моите деца да се видат со неа затоа што тоа можеше да бидат нивните последни заеднички моменти“, раскажа Пејовиќ.

Тој објасни дека кога помислил дека ја изгубил сопругата, кај него се јавила потреба да биде со своите деца.

„Некако чувствував дека имам потреба да бидам со нив. Седнав до нив и ги прегрнав. Им кажав дека ќе можеме некако да се избориме и без мама, но тука се пресеков“, раскажал пејачот низ солзи.

За потсетување, Ацо Пејовиќ со сопругата Билјана има три ќерки.

 

 

Scroll to Top