Адвокатот на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, Матијас Морла, ги обвини лекарите дека бавно реагирале за да го спасат неговиот клиент, кој почина од срцев удар. Марадона почина во средата на 61-годишна возраст.
Морла на „Твитер“ напиша и изнесе тешки обвинувања на сметка на лекарите и итната помош. Тој ги нарече криминални идиоти затоа што им требало премногу време да стигнат во домот на Марадона во моментите кога тој се борел за живот.
„Необјасниво е дека мојот пријател 12 часа немал никаква нега или контрола од медицинскиот персонал. На итната помош ѝ требало половина час да дојде, што претставува криминален идиотизам“, напишал Морла на „Твитер“.
Тој нагласи дека ќе бара да се изврши истрага за медицинската нега кон Марадона и дека некој, поради лошите и бавни реакции на итната помош, ќе мора да сноси последици.