Познатата адвокатка Амал Клуни му поставила ултиматум на својот сопруг, популарниот холивудски глумец Џорџ Клуни, да го остави моторот затоа што во спротивно таа ќе се разведе од него.
Како што е познато, Џорџ Клуни пред две години доживеа сообраќајна незгода возејќи се на мотор во Сардинија, па Амал се плаши дека ако продолжи да вози, може да го изгуби. Оттука, како што пренесува National Enquirera, таа му поставила нов ултиматум.
Извор близок до семејството за медиумот открива дека Амал се плаши за животот на својот сопруг, па ако уште еднаш го види седнат на моторот, таа ќе го остави.
Во разговор за CQ Клуни откри за сообраќајната несреќа објаснувајќи дека во тие моменти тој почувствувал оти му завршил животот и дека страшното искуство оставило последици врз него.
Поради тоа, Амал е свесна за опасноста што ја носи таквиот начин на живеење и таа јасно му ставила до знаење дека повеќе не сака да го види качен на мотор. Инаку, ова не е прв ултиматум што таа му го поставила на Џорџ со цел да го сочуваат бракот.
Пред неколку недели, како што пренесуваа странските таблоиди, таа јасно му ставила до знаење и дека не ѝ се допаѓа неговиот нов имиџ и му наредила да си ја избричи седата брада. Таа му се заканила дека ќе го остави ако не го среди имиџиот, кој во последните месеци станал негов препознатлив знак.